Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не беше задоволен по убедливиот пораз (0-4) против Бенфика во Лигата на шампионите. Тој изјави дека противникот многу добро ги искористил грешките на неговиот тим.
Тренерот на Атлетико ги призна и своите грешки.
„Не пристапивме правилно кон натпреварот, додека противникот многу убедливо ги искористи нашите грешки, за што треба да му честитаме. Уште од подготовките се справувавме одлично, но овојпат одигравме натпревар кој никој не сака да го види. Во првото полувреме се држевме добро, но во второто тотално не бевме во игра“, изјави Симеоне.
„Сите знаеме колку се важни за нас Коке, Гризман и Де Пол. Ги заменив бидејќи ни требаше свежина и поголема стабилност во воздушните дуели. Но, потоа дојде пеналот и голот од статична ситуација. Од вакви вечери можеме многу да научиме. Да не бараме изговори. Не одигравме добар натпревар и јас како тренер исто така сум виновен за тоа. Замените исто така не функционираа. Ова беше лош натпревар за сите. Да ја зачуваме енергијата за недела“, додаде аргентинскиот стратег на кормилото на Атлетико Мадрид.