Симеоне точно знае кај кој тренер да го пушти новиот играч на калемење

Атлетико Мадрид го пушти талентираниот Самуел Лино на позајмица во Валенсија за претстојната сезона, иако 19-годишното крило пред скоро време потпиша за Јорганџиите.

Диего Симеоне го прати Бразилецот кај вистинскиот тренер на калемење, Џенаро Гатузо. Двајцата делат слична филозофија, цврста одбрана и фуриозни контранапади, а Лино на овој начин ќе може да се подготвува за кариерата која треба долго да му трае во Атлетико.

Инаку Атлетико го откупи Лино од Жил Висенте за 6,5 милиони евра, додека за Валенсија ова е трет летен ангажман, по Саму Кастилјехо и Хуго Дуро.

- Оглас -

Најнови вести