Со Луис Суарес и Жоао Феликс во нападот, Атлетико Мадрид ќе се обиде да даде барем еден гол против Челзи, а со тоа да има надеж дека може да стигне до четвртфиналето од Лигата на шампиони. Тренерот Диего Симеоне игра во формација 4-4-2, но малку поистурени крилни играчи.
Челзи игра со згуснат среден ред и само Тимо Вернер како класичен напаѓач во формација 4-2-3-1. Лондонскиот тим со Томас Тухел како тренер прими само два гола во 12 меча и сега ако успее да ја сочува својата мрежа незатресена, ќе има билет за следната фаза од ЛШ.
Баерн Минхен не треба да има никакви проблеми во дуелот со Лацио, откако во првиот меч на „Олимпико“ победи со 4:1, а ова се стартните тимови за дуелот на „Алијанц Арена“.