Последниот меч на Барселона и Атлетико Мадрид заврши со победа на Јорганџиите од 1-2 на гостински терен, а вечерва ќе се обидат да го повторат тоа и во првиот полуфинален меч од Шпанскиот куп.
„Единствениот начин е да одиме меч по меч. Возбудени сме, сакаме да се надигруваме, со нетрпение очекуваме да се соочиме со секој следен противник, но сега сме фокусирани исклучиво на мечот со Барселона. Кога играте против големи екипи, знаете дека треба да бидете подготвени на сè, да издржите дури и страдање. Ќе има убави моменти и за двете екипи, а ние мора да ги искористиме нашите. Имаме идеја и на тоа работевме со момците. Се соочуваме со противник чиј стил на игра многу ми се допаѓа. Имаат силна напаѓачка моќ и ќе гледаме да ги нападнеме таму каде што мислиме дека можеме“, рече Чоло Симеоне на официјалната прес-конференција пред мечот со Барселона.