Симеоне: За Мадрид и за Шпанија е спектакуларно што Реал и Атлетико ќе имаат судир во ЛШ

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изрази голема почит кон градскиот ривал Реал Мадрид пред утрешниот судир на „Сантијаго Бернабеу“ во осминафиналето од Лигата на шампионите. Тој истакна дека претстојниот натпревар е спектакуларен и за градот и за целата земја.

„Ова е натпревар кон којшто пристапуваме со голема почит против многу силен противник. Разбирам дека и тие нè почитуваат на ист начин. Ако беше тим од друго првенство, немаше да ја отвораме оваа тема. Претходните дуели немаат никакво влијание. За Мадрид е спектакуларно, за Шпанија исто така, бидејќи сигурно ќе има претставник во четвртфиналето. И за нас, играчите, ова е можност да уживаме. Ова е многу важен натпревар, ќе пристапиме со почит и ќе бидеме подготвени за сè што треба да се случи“, изјави Диего Симеоне.

Аргентинскиот стратег смета дека дуелите со Реал Мадрид ќе ги одлучуваат нијанси.

„Не го разбирам поимот фаворит. Се соочуваме со противник кого го почитуваме. Ги знаеме нашите силни страни, ги подобруваме и ќе се обидеме да го однесеме натпреварот таму каде што можеме да им нанесеме штета. Натпревар од ваков калибар е исполнет со детали. И ние и Реал Мадрид знаеме како функционираат елиминациските натпревари, а деталите ќе бидат клучни. Не знаеме кој е лимитот на Хулијан Алварес. Тој е многу млад, има простор за развој и се надевам дека ќе му помогнеме да продолжи да напредува. Многу сум задоволен од головите што ги постигнуваме преку контранапади, бидејќи Хулијан се снаоѓа многу добро“, истакна тренерот на Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести