Фудбалерите на Атлетико Мадрид славеа на гостувањето кај Ваљадолид со 5:2 во рамки на 32-то коло од Ла Лига и му се приближија на второпласираниот Реал Мадрид на само два бода.
Атлетико на шест кола до крајот на сезоната има 66 бода, но тоа што ги радува навивачите е дека тимот на Диего Симеоне, на последните два натпревари постигна осум гола. Вечерва Јорганџиите дадоа пет гола, а во претходното коло ја совладаа Мајорка со 3:1.
Атлетико победата ја обезбеди уште во првото полувреме кога со головите на Молина, Хименез и Мората поведе со 0:3. Ваљадолид до крајот на првиот дел успеа да намали на 1:3 преку Ларин, а потоа Ескудеро во 74-та минута погоди за 2:3.
Јорганџиите во завршницата постигнаа уште два гола со кои ја заверија победата, прво Фернандес во 86-та минута со постигна автогол, а конечниот резултат го постави Депај во судиското продолжение.