Црногорскиот голман Небојша Симиќ, кој правеше чуда и блескаше на дуелот со Македонија, истакна дека не се чувствува како херој.
„Не сум јас херој, туку победата е на целиот тим. Многу сум горд на соиграчите, на енергијата и заедништвото кои ги покажуваме. Среќен сум и горд како кога станав татко. Кога ги гледав како се бореа, а до пред неколку часа не се знаеше дали ќе играат, како да не гинам. Би удрил со глава во статива ако треба“ – рече Симиќ кој имаше 13 одбрани.