Симиќ не успеа да најде клуч за добра атмосфера – Шпанија ги декласира јуниорите, Македонија даде само 45 поени

Репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 18 години е елиминирана во првата нокаут-фаза на Европското првенство во Турција, а денеска подобри беа Шпанците.

Црвената фурија ги доби сите четири периоди од по 10 минути и убедливо славеше со 73:45, односно со 28 поени разлика.

Таков исход реално и не е изненадување, особено по трите порази на избраниците на Тони Симиќ во фазата по групи.

Дебаклот се најави уште пред стартот на ЕП, кога се скараа поранешните соиграчи Симиќ и Врбица Стефанов, откако синот на Стефанов, Рубин, не беше повикан во репрезентацијата.

Стартот ни беше катастрофален со пораз од 47:104 против Франција, потоа нè победија и Израел и Македонија, а вечерва и Шпанија во нокаут-фазата.

 

- Оглас -

Најнови вести