Спорен момент во 83. минута му помогна на Бетис да ја победи Мајорка со 2:1 во меч од 25. коло во шпанската Ла Лига.
При резултат 1:1, судијата Градо покажа на белата точка и пенал за Бетис, откако долго го прегледуваше моментот од финишот на мечот.
Хозе Вилијан погоди од пенал за победа од 2:1. Целата ситуација од 83. минута можете да ја погледнете ОВДЕ.
Претходно, Морено со гол во првото полувреме им донесе предноста на домаќините, а Муричи израмни на 1:1 во 75. минута.