12.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Симон Кјаер објави крај на кариерата

Данецот Симон Кјаер објaви крај на активната фудбалска кариера на 35 години. Тој последниот натпревар го одигра на 8 јуни против Норвешка во дресот на репрезентацијата на Данска, а потоа не пронајде клуб да ја продолжи кариерата, иако имаше неколку понуди летово.

„Навистина e време да го завршам овој дел од својот живот. Во моите мисли, сакав да ја завршам кариерата во Милано. Знам дека не можев да имам подобар крај на кариерата“, изјави Кјаер.

Симон Кјаер во текот на кариерата настапуваше во Митјиланд, Палермо, Волфсбург, Рома, Лил, Фенербахче, Севилја, Аталанта и во Милан.

- Оглас -

Најнови вести