29.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Симона Халеп го откажа учеството на финалниот ВТА турнир

Првата тенисерска на ВТА листата, Симона Халеп, нема да учествува на завршниот турнир за годинава кој ќе се игра во Сингапур. Романка има болки во грбот откако се повреди минатиот месец на турнирот во Вухан, Кина, а изјави дека веќе четири недели не тренира.

„Не сум подготвена да се натпреварувам, уште чувстувам болки во грбот, а не сум тренирала цели четири недели. Донесов тешка одлука да го откажам моето учество. Всушност, мислам дека ова е прво мое откажување од голем турнир, но не можам да играм додека целосно не се опоравам“, истакна Халеп.

На нејзино место ќе игра холандската тенисерка Кики Бертанс, тенисерката број 10 според ранкингот, а свое учество на турнирот кој започнува следната недела, ќе забележат и Кербер, Плишкова, Свитолина, Осака, Квитова, Стефенс и Вознијацки.

- Оглас -

Најнови вести