Симона Халеп не успеа да ја докаже невиноста, доби четиригодишна суспензија

Романската тенисерка Симона Халеп доби четиригодиша забрана за играње тенис откако уште во октомври минатата година беше обвинета дека земала недозволени стимулативни средства.

Халеп немаше играно на ланското Отворено првенство на САД, кога беше кажано дека допинг-тестот бил позитивен.

Таа периодов се трудеше да докаже дека не земала намерно допинг, но се појави нов проблем за неа откако во биолошкиот пасош биле пронајдени одредени неправилности поврзани со допинг и затоа доби максимална казна.

- Оглас -

Најнови вести