Симоне Инзаги избран за тренер на годината во Италија

Симоне Инзаги е прогласен за најдобар италијански тренер за 2024 година, признание кое го доби на вечерашната гала-вечера организирана од Здружението на италијански фудбалери.

Тренерот на Интер ја освои наградата благодарение на успехот на својот тим, кој минатата сезона триумфираше во Серија А. Ова беше доволно да добие предност во гласањето пред Џанпјеро Гасперини, кој ја предводеше Аталанта до титулата во Лигата на Европа.


При примањето на наградата, Инзаги истакна дека сака да остане уште долго на кормилото на Нераѕурите, иако летово беше поврзуван со неколку европски гиганти, но на крајот го продолжи договорот со Интер.

„Пресреќен сум за ова признание, особено што ми го предаде Лучијано Спалети. Би сакал да ја споделам оваа награда со сите мои фудбалери, бидејќи без нив ова не би било возможно. Истото важи и за сите во клубот кои се грижат за нашите услови за работа и успех. Горд сум и среќен што сум дел од Интер и се надевам дека ќе продолжиме заедно уште долго“, изјави Инзаги.

- Оглас -

Најнови вести