Манчестер јунајтед е повторно во фокусот на вниманието во Англија поради шпекулациите дека Ерик тен Хаг многу брзо ќе добие отказ. Медиумите на Островот веќе најавуваат дека Томас Тухел би можел да пристигне на „Олд Трафорд“ доколку холандскиот стратег не успее експресно да го исправи бродот кој тоне сѐ подлабоко.
Од Англија доаѓа уште една интересна вест. Симоне Инзаги, актуелниот тренер на Интер, кој беше еден од главните фаворити за наследник на Ерик тен Хаг, сепак, ја одбил понудата.
Инзаги се заблагодарил на раководството на Манчестер јунајтед и истакнал дека во моментот е фокусиран на работата во Интер и нема планови за брзо напуштање на актуелниот италијански шампион.