Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, по победата од 2-0 над Милан во полуфиналето на Лигата на шампионите беше задоволен од играта во првото полувреме, но потсети дека има и реванш и дека работата околу пласманот во финалето не е завршена.
Интер само по третпат во историјата успеа да го совлада градскиот ривал трипати во една сезона.
„Задоволен сум. Првото полувреме беше феноменално, можевме да постигнеме и повеќе од два гола. Знаеме дека ова е само прва половина од двомечот. На реваншот ќе имаме поголема поддршка и од нашите навивачи, ни треба уште еден чекор за сонот да ни стане реалност“, изјави Инѕаги.