Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, се согласил да стане следниот менаџер на Манчестер јунајтед, пишува „InterLive.it“. Иако неговиот тим се врати на победничкиот пат во Премиер лигата за време на викендот, иднината на Ерик тен Хаг останува неизвесна, а раководството на Црвените ѓаволи бара негов наследник.
Сега, според италијанскиот медиум близок до Интер, Симоне Инзаги веќе дал „зелено светло“ да стане нов менаџер на Манчестер јунајтед, но од почетокот на следната сезона. Италијанецот ќе ја заврши оваа сезона како тренер на Интер, актуелниот шампион на Серија А. Според информациите, остануваат само некои ситни детали пред договорот да биде финализиран.
🚨 Simone Inzaghi has reportedly already agreed to become the Manchester United manager ahead of the 2025-26 season.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 23, 2024
(Source: InterLive) pic.twitter.com/YnKnAA1hyi
Доаѓањето на Инзаги на „Олд Трафорд“ нема да биде официјално објавено пред крајот на сезоната. Исто така, се додава дека на Инзаги ќе му биде даден „речиси неограничен буџет“ за трансфери, иако клубот се обидува значително да ги намали своите трошоци. Сепак, изгледа дека раководството на Манчестер унајтед има намера повторно да го засили тимот следното лето.