Симов од Силекс најавува: Подобро еден ден како лавови, отколку 40 години како кукавици

Тренерот на Силекс, Горан Симов, за азербејџанските медиуми даде интервју и изјава на задолжителата прес-конференција пред дуелот со Карабах и рече дека Силекс сака успех и најважно е да се доживее емоцијата на ЛШ.

„Ова ќе биде големо искуство за нас. Карабах е силен тим, којшто има неколку репрезентативци. Дојдовме тука за исполнување на сонот. Не размислуваме за пари. Дојдовме да го исполниме сонот. Пред извесно време размислувавме за опстанок, а сега играме во ЛШ. Резултатот може да биде 0-0, 0-5 или 0-7, нема разлика за нас. Имаме млад тим, важно е да ја доживееме емоцијата на ЛШ. И на играчите им кажав, подобро е еден ден да живеат како лавови, отколку 40 години како кукавици“ – изјави Симов.

Силекс е аутсајдер на хартија, но Карабах не е во ритам, нема играно од 8 март и тука е шансата на македонскиот претставник да приреди изненадување на стадионот „Тофик Бахрамов“. Победникот од овој меч во следното квалификациско коло следната недела ќе игра против Шериф од Молдавија или Фола Еш од Луксембург.

За македонската јавност најпознат играч на Карабах е Урош Матиќ, несудениот репрезентативец на Македонија и брат на Немања Матиќ од Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести