Задоволство во редовите на Македонија ЃП после освојувањето на Куп-трофејот против Струга Трим Љум. Клубот од скопската населба Ѓорче Петров третпат во својата историја стигна до овој трофеј, откако со 2-0 на пенали го совлада дебитантот Струга ТЉ.
– „Куп е специфично нешто. За Македонија ЃП тоа е нешто посебно. Во првото полувреме дадовме гол и потоа ја контролиравме играта и топката. Во второто полувреме малку физички паднавме, примивме гол, но потпа успеавме да се одбраниме. Во пенал рулетот среќата беше на наша страна, фала му на Господ за овој трофеј. Не ми е јасно како можеше да има толку промашувања , но и заморот како и влогот го направи своето.“ – изјави Горан Симов, тренер на Македонија ЃП.
Задоволен од победата е и фудбалерот на Македонија, Арби Воша, кој беше краток во својата изјава на официјалната прес-конференција.
– „Тежок меч многу беше напорно, пенал рулетот е среќа и мило ми е што победивме.“ – рече Воша.
Македонија ЃП налето ќе учествува во квалификациите за Конференциската лига.