Симпатизерите на хокејот протестираат – Брутална казна за Њујорк ренџерс, причината е банална

Раководството на НХЛ лигата му одреди брутална парична казна од 250 илјади долари на тимот на Њујорк ренџерс за банална причина. Еден од најпознатите клубови отворено го критикуваше Џорџ Парос, кој е претседател на Комисијата за заштита на хокеарите од повреди на главата, дека не си ја завршил пристојно работата по контроверзните два дуели меѓу Ренџерс и Вашингтон капиталс.

Во фокусот на двата меча што се играа едноподруго беше Том Вилсон, хокеарот на Вашингтон, кој на наспортски начин ги удри Павел Бухневич и Артеми Панарин во пределот на главата и не беше исклучен.

Во НХЛ се строго забранети удари од зад грб во глава, што го стори Вилсон против Бухневич, а потоа на недозволен начин го нападна и Панарин.

Инцидентите потоа предизивикаа многу нервоза на следниот меч, што се играше само 24 часа подоцна, па имаше тепачки од првата секунда со рекордни 141 минута исклучувања сезонава.

https://twitter.com/Sportsnet/status/1390084601624805377?s=20

Вилсон е казнет со 5 илјади долари, Бухневич со еден меч неиграње, Панарин е повреден, а Ренџерс мора да платат 250 илјади долари за јавна критика упатена кон Парос.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести