2.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

Симулаторот пак ја потцени Шкендија, им дава 76 отсто шанси да играат во Конференциската лига

Шкендија „требаше“ да испадне од ФЦСБ според платформата за фудбалска статистика и симулации, а сега откако македонскиот го елиминираше романскиот првак, суперкомпјутерот повторно пресметува во полза на Романците.

Математиките велат дека Шкендија има 76 отсто да игра во Конференциската лига, а само 24 проценти да заврши во Лигата на шампионите или Лига Европа. Местото во КЛ е гарантирано, но Шкендија ќе има две шанси да се пробие барем до ЛЕ. Прво во квалификациите за ЛШ против Карабах, а потоа ќе игра во плејофот за ЛШ или ЛЕ.

Интересно е дека романскиот тим ФЦСБ кој испадна од Шкендија во квалификациите за ЛШ и сега ќе игра со косовска Дрита во квалификациите за ЛЕ, а меѓу десетте тима на кои им се даваат најголеми шанси да биде во лигашката фаза на второто по квалитет натпреварување во Европа. ФЦСБ е со 63 отсто шанси да игра во главната фаза на ЛЕ.

- Оглас -

Најнови вести