Пресметките на симулаторот на платформата за фудбалска статистика, покажуваат дека во Лигата Б од Лигата на нации, македонската селекција има најголеми шанси да биде четврта во својата група и да испадне во Лига Ц.
Математички е пресметано дека Црвено-жолтите имаат само 3 отсто шанси да бидат први во група со Швајцарија, Шкотска и Словенија, а дури 59 проценти ни даваат дека ќе бидеме последни. Фаворит за прво место и преселба во елитната Лига А од нашата група е Швајцарија.

Оваа сезона од Лигата на нации ќе биде важна и од еден друг аспект. Второ место носи и втор шешир при ждрепката за квалификациите за ЕП 2028, а трето или четврто место водат во третиот шешир.
Македонија има големи 85 отсто шанси да биде во третиот.

