16.8 C
Skopje
недела, 12 октомври 2025

Симулаторот пресмета што ако утре победат Велс и Македонија?

Македонската фудбалска репрезентација утревечер од 20.45 часот во Скопје е домаќин на Казахстан и голем неуспех би било ако не го добиеме тој меч, но важно ќе биде и што ќе се случи на другиот меч од групата кој ќе се игра во исто време, помеѓу Велс и Белгија.

Во моментов Македонија е прва на табелата со еден бод повеќе од Белгија, а два пред Велс, но Белгијците и Велшаните имаат и одиграно по еден меч помалку.

Според симулациите на компјутерот на платформата за фудбалска статистика ФМД, Македонија ќе заврши на трето место во групата, веројатноста за тоа е 67,8 проценти, а ни се даваат само 6,8 отсто шанси да бидеме први.

Македонија има 94 отсто шанси да игра бараж и тоа преку Лигата на нации.

Белгија има 67 проценти шанси да биде прва и директно да оди на СП 2026, а на Велс му се даваат 26,2 отсто шанси.

Но, што ако утре Велс ја победи Белгија? Аналитичарите во компјутер внеле победи на Македонија над Казахстан од 1-0 и иста таква победа на Велс против Белгија, и добиле зачудувачки резултати.

Тогаш Велс би станал голем фаворит за освојување на првото место со 63,9 проценти  шанси, Македонија би имала 19,4, а Белгија само 16,7 отсто шанси. Шансите за прво место би ни пораснале, за второ би паднале, а процентот да бидеме трети ќе биде уште поголем, дури 69,9 проценти.

Ова се само математики кои не мора да се земаат здраво за готово, сме биле сведоци на големи изненадувања кои компјутерот не ги предвидел, и затоа Македонија и фановите нека уживаат во првото место, добро би било утревечер да останеме таму, а потоа во ноември ќе знаеме точно на што сме и каков исход против Велс ќе ни донесе СП или бараж.

- Оглас -

Најнови вести