Во пресрет на утрешната ждрепка за четвртфиналните парови во Лигата на шампионите која ќе се одржи во Нион, Швајцарија, направена е симулација на истата според која би можеле да проследиме фантастични натпревари во завршницата од најелитното клупско натпреварување.
Баерн Минхен како бранител на титулата, се пресретнува со најтрофејнот во натпреварувањето, Реал Мадрид, според прогнозите на реномираниот англиски лист „Сан“. Последните два англиски шампиони, Манчестер сити и Ливерпул со сигурност исто така може да приредат исклучително неизвесни средби, кои во оваа фаза се сретнаа пред три сезони, а Црвените излегоа како победници од тој двомеч.
Томас Тухел би се вратил во Париз првпат по отказот од ПСЖ, но овојпат како тренер на Челзи, со кои остварува одлични резултати откако ја презеде клупата. Порто и Борусија Дортмунд како поранешни освојувачи на Лигата на шампионите, би се докажувале дека заслужено се меѓу осумте најдобри екипи во Европа.
Останува да се види предвидувањата ќе се остварат, но како и да е, било која комбинација со сигурност ќе донесе фантастична завршница во битката за престижниот пехар.