3.8 C
Skopje
четврток, 1 јануари 2026

Симулирана ждрепка за четвртфиналето во ЛШ: Би имало три пеколни двојки!

Лигата на шампионите влегува во самата завршница. Најдобрите осум екипи остануваат во борба за највредниот клупски трофеј во Европа. Утре во Нион ќе биде ждрепката за четвртфиналните дуели, а потоа веднаш ќе бидат познати и потенцијалните двојки за во полуфиналето.

Арсенал, Манчестер сити, ПСЖ, Атлетико Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Реал Мадрид и Борусија Дортмунд се екипите кои може да се паднат меѓу себе затоа што овојпат нема да има полуделигирана ждрепка.

Англискиот „Сан“ одлучи да направи симулација на ждрепката и состави парови според кои Баерн Минхен ќе игра против Барселона, Арсенал – Реал Мадрид, Манчестер сити – ПСЖ и Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд.

Останува утре напладне да видиме колку од овие симулации ќе бидат погодени, а по официјалната ждрепка ќе се знае кој клуб најдобро поминал. Мечевите од четвртфиналето се закажани за 9 и 10 април, а реваншите се седум дена подоцна.

Финалето на Лигата на шампиони ќе биде на „Вембли“, а Англичаните се надеваат дека може да гледаат англиско финале меѓу Сити и Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести