Симултанката на Дончиќ недоволна за Далас, Денвер и Јокиќ го сопреа шампионот (видео)

Лука Дончиќ забележа уште една извонредна партија во дуелот против Портланд, кој на крајот Далас го загуби со минимални 118:121. Словенечката ѕвезда блесна со 44 поени, 9 асистенции и 7 скока, меѓутоа целиот негов труд пропадна во вода откако Дончиќ промаши тројка за да изнуди продолженија.

Гостите беа предводени од одличниот Демиен Лилард, кој средбата ја заврши со 34 поени и 11 асистенции и, меѓу другото, ги постигна клучните поени за Портланд да остане во победнички ритам со веќе четири победи во низа.

Денвер нагетс ја сопре серијата на ЛА лејкерс од седум победи така што го доби дербито на ноќта против актуелниот првак со конечни 122:105. Двоецот Јокиќ – Мареј комбинираа 48 поени, со тоа што српскиот центар надополни со троен учинок од 23 поени, 16 скока и 10 асистенции.

Леброн Џејмс го делеше една асистенција од трипл-дабл, а мечот го заврши со 22 поени и 10 скока, додека Дејвис само vo 14 минути настап реализира 15 поени.

Останати резултати НБА:

Шарлот 110:122 Сан Антонио, Детроит 123:112 Њу Орлеанс, Торонто 112:116 Минесота, Оклахома 114:109 Милвоки, ЛА клиперс 128:111 Кливленд, Сакраменто 110:124 Мемфис.

 

- Оглас -

Најнови вести