Син му ќе игра за Макаби, но тој ќе навива за Црвена ѕвезда

Мечот помеѓу Црвена ѕвезда и Макаби Тел Авив кој почнува во 19 часот, ќе биде посебно емотивен за некогашниот југословенски репрезентативец Зуфер Авдија. Тој е поранешен долгогодишен играч, па и капитен на Ѕвезда, а неговиот син Дени игра за „Гордоста на Израел“.

„Долго време живеам во Израел, но секогаш многу му се радувам на враќањето во Белград. Десет години играв за Ѕвезда, имам 262 настапи за клубот, за тој клуб ме врзуваат најубави спомени. Кога има полни трибини, Ѕвезда стартува со плус од 15 поени. Кога има вакви мечеви, не постои односот на татко и син. Моето срце 95 проценти ќе биде за Ѕвезда, а останатите пет отсто за Дени и Макаби. Сакам син ми да одигра одлично, и тој знае што претставува Ѕвезда, како дете го носев на мечеви. На трибините ќе биде и мојот син од првиот брак, се надевам дека сите ќе уживаме“ – изјави Авдија.

Погледнете ги квотите кои ги нуди Sport Life за поени на поединците кои вечерва ќе играат во Евролигата:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести