Синер демонстрира моќ, го збриша и Андреј Рубљов на Ролан Гарос

Светскиот тениски рекет број еден, Јаник Синер, продолжува со доминантните игри на Ролан Гарос. Италијанецот ја забележа и четвртата победа без загубен сет откако во осминафиналето славеше над 15-тиот тенисер во светот, Андреј Рубљов, со максимални 3-0.

За точно два часа игра, Синер победи со 6-1, 6-3 и 6-4 по сетови и обезбеди пласман помеѓу најдобрите осуммина тенисери на Ролан Гарос. Следен противник на лидерот на АТП-листата ќе му биде Александер Бублик од Казахстан, а доколку победи, можен противник во полуфиналето ќе му биде подобриот од двобојот на Зверев и Ѓоковиќ.

Останатите два пара од четвртфиналето се: Мусети – Тифо и Пол – Алкарас.

- Оглас -

Најнови вести