Понеделнички, објавена е новата АТП ранг-листа на најдобри светски тенисери, и како што се знаеше од вчера, нов број 1 е Јаник Синер.
Италијанецот се враќа на прво место по 3-ти ноември, симнувајќи го Карлос Алкарас на втора позиција. Синер има мала предност пред Шпанецот. Тие двајца може да се сретнат на Мастерсот во Мадрид кој почнува на 22-ри април, но пред тоа Алкарас неделава ќе игра и во Барселона, па ако го освои тој турнир на кој лани беше финалист, ќе се врати на прво место.
Инаку на трето место остана Александар Зверев, четврти и понатаму е Новак Ѓоковиќ, десетти остана Данил Медведев, а од петто до деветто место има многу промени. Лоренцо Музети падна четири места и сега е деветти, Феликс Оже-Алиасим кој е петти и Бен Шелтон кој е шести, напредуваа по две места. Алекс Де Минор падна едно место и сега е седми, а напредок за едно место имаше Тејлор Фриц кој е осми.
Единствен Македонец во топ 1000 е Калин Ивановски на 982-ро место.

