Синер е првиот Италијанец на врвот на светскиот тениски поредок, Ѓоковиќ падна на третото место

Новата седмица и официјално носи голема промена на ранкингот во светскиот тенис. Првото место го зазеде Јаник Синер, првиот Италијанец кој е тенисер број еден во светот. На второто место е победникот на Ролан Гарос, Шпанецот Карлос Алкарас, кој во финалето го победи Германецот Александар Зверев, четвртиот играч во светот.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој помина рекордни 428 недели на првата позиција, падна на третото место откако поради повредата на коленото се откажа од четвртфиналниот меч на Ролан Гарос во Париз.

Закрепнувањето на Ѓоковиќ по операцијата на коленото се очекува да трае најмалку три недели. Теоретски тоа значи дека тој би можело да биде подготвен за настап на Вимблдон, кој започнува на 1 јули, но, сепак, тоа е малку веројатна опција. Поголема е веројатноста да се фокусира за настап на Олимписките игри во Париз, кои започнуваат на 27 јули.

АТП ранг-листа, 10 јуни
1.(2) Јаник Синер (Италија) 9.525
2.(3) Карлос Алкарас (Шпанија) 8.580
3.(1) Новак Ѓоковиќ (Србија) 8.360
4.(4) Александар Зверев (Германија) 6.885
5.(5) Данил Медведев (Русија) 6.485
6.(6) Андреј Рубљов (Русија) 4.710
7.(7) Каспер Руд (Холандија) 4.025
.(8) Хуберт Хуркач (Полска) 3.995
9.(11) Алекс де Минаур (Австралија) 3.845
10.(10) Григор Димитров (Бугарија) 3775

 

- Оглас -

Најнови вести