Синер гази, стигна до своето 10-то полуфинале годинава, а играше 13 турнири

Италијанецот Јаник Синер, кој е прворангиран на АТП-листата на најдобри светски тенисери, годинава е најконстантниот играч, а во моментов има низа од 14 победи по ред.

Со победата над Јиржи Лехецка од 6-2, 7-6 во четвртфиналето на АТП 500 турнирот во Пекинг, Синер дојде до 58-мата победа годинава и изби на чело на таа листа, пред Александер Зверев, кој има 57. Синер дојде до десеттото полуфинале годинава, а играше на 13 турнири.

Во полуфиналето во Пекинг, Синер ќе игра со Рубљов или Кинезот Бу. Андреј Рубљов е последниот тенисер кој го победил Синер, тоа се случи на Мастерсот во Монтреал, па овојпат ако се сретнат, Синер ќе има мотиви за реванш и секако ќе биде голем фаворит на хартија за влез во финалето, каде што го чека мегадуел со Карлос Алкарас или Данил Медведев. Шпанецот Алкарас со пласманот во полуфиналето си обезбеди враќање на второто место на АТП-листата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести