Синер го елиминира Медведев од завршниот Мастерс

Италијанецот Јаник Синер продолжи да доминира на завршниот Мастерс, кој се игра во Торино, откако во третото коло го совлада Данил Медведев со 6-3, 6-4.

Русинот имаше шанса да се пласира во полуфиналето, му требаше победа од 2-0 во сетови, но првиот носител Синер не дозволи изненадување и извојува победа која го израдува и Тејлор Фриц.

Најдобриот американски тенисер како втор во својата група оди во полуфиналето, а како што стојат работите во моментов, ривал ќе му биде Александар Зверев, кој утре има тежок меч против Карлос Алкарас.

 

- Оглас -

Најнови вести