27.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Синер го откажа денешниот тренинг, неизвесно е дали ќе игра во четвртфиналето

Тенискиот светски рекет број 1, Јаник Синер, го откажа денешниот тренинг во пресрет на утрешното четвртфиналето против Бен Шелтон на Вимблдон.

Сесијата беше закажана за 17 часот, но Синер не се појави. Тој утрово беше подложен на магнетна резонанца за да се разјасни обемот на проблемот со лактот предизвикан од падот во првиот гејм на вчерашниот меч во кој Синер не можеше нормално да севира и удира форхенди, па губеше со 2-0 во сетови, во вториот сет побара и медицински тајм-аут, но при 2-2 во третиот сет неговиот противник Григор Димитров се повреди и се предаде.

Мечот меѓу Синер и Шелтон треба да започне утре околу 15.30 часот, но прашање е дали ќе се игра, со нетрпение се очекува конечната одлука на Италијанецот. Многу тениски фанови се надеваат дека тој сепак ќе биде подготвен, но оние кои се наклонети кон Карлос Алкараз, Новак Ѓоковиќ и Шелтон, би претпочитале тој да не се појави на теренот.

Во тој случај, Шелтон би бил полуфиналист и таму би играл со победникот од дуелот Новак Ѓоковиќ – Флавио Коболи.

- Оглас -

Најнови вести