Италијанскиот тенисер Јаник Синер го доби дуелот со Новак Ѓоковиќ и се пласира во финалето на Ролан Гарос каде ќе ги одмери силите со Карлос Алкарас. Србинот немаше сили и загуби со 3-0 во сетови (6-4, 7-5, 7-6), иако беше „тесно“ во сите три сета.
Синер го освои првиот сет со 6-4 во гемови, а и во вториот беше за нијанса подобар и го комплетираше со 7-5.
Во третиот сет се играше тај-брејк, но и во него повеќе сила и концентрација имаше Синер и го доби на поени со 7-3.