Синер и Руне го одиграа најдобриот поен во Мелбурн, Италијанецот е во четвртфиналето (Видео)

Јаник Синер се пласира во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија, откако во меч, кој траеше малку повеќе од три часа, со 3:1 во сетови го победи Холгер Руне. Најдобриот тенисер во светот започна сигурно и го доби првиот сет со 6:3, но Руне возврати со иста мера во вториот сет за израмнување на 1:1.

Во продолжение на дуелот сепак Синер покажа зошто е најдобар и без многу проблеми ги доби следните два сета со 6:3 и 6:2 за пласман меѓу осумте најдобри на првиот гранслем-турнир сезонава.

Во третиот сет при 1:1 во гемови и брејк-топка за Руне, тенисерите го одиграа најдобриот поен на турнирот, а можеби и клучен за мечот. Синер сервираше, имаше дури 36 удари и на крајот Синер го доби поенот, недозволувајќи му на противникот да направи брејк. Потоа италијанскиот тенисер ја сврте работата во своја корист и лесно ги доби следните два сета.

Овој меч имаше и прекин од 20 минути поради бизарна причина. По еден сервис на Синер, топката заврши во конструкцијата од мрежата која пукна, па мораа да реагираат организаторите и цели 20 минути да ја зацврстат мрежата на потребното ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести