Вториот тенисер на светот, Јаник Синер, лесно се пласира во осминафиналето на Мастерсот 1000 во Индијан Велс откако во два сета го совлада Канаѓанецот Денис Шаповалов.
На Италијанецот му беа потребни само 71 минута за победа од 6:3 и 6:2, а вториот носител во следното коло за место во четвртфиналето ќе се соочи со Бразилецот Жоао Фонсека.
Четвртиот носител, Германецот Александер Зверев, го победи домашниот фаворит и 28-ми носител Брендон Накашима со 7:6(2), 5:7 и 6:4, додека Лирнер Тиен го совлада осмиот носител Бен Шелтон со 7:6(3), 4:6 и 6:3 во целосно американски дуел.
Кај тенисерките, првата на светската ранг-листа, Арина Сабаленка, лесно се пласира во осминафиналето со победа во два сета против Романката Жаклин Кристијан.
На Белорусинката исто така ѝ беа потребни само 71 минута за победа од 6:4 и 6:1 на ВТА 1000 турнирот во Калифорнија.
Во следното коло Сабаленка ќе игра против Јапонката Наоми Осака, исто така четирикратна гранслем-шампионка, во дуел кој се очекува да биде вистински спектакл.

