1.8 C
Skopje
сабота, 24 јануари 2026

Синер имаше здравствени проблеми, но покривот на „Род Лејвер“ арената го спаси од пораз

Вториот тенисер во светот, воедно и освојувач на последните две изданија на Австралија опен, Јаник Синер, беше на работ на елиминација во третото коло од Американецот, Елиот Спицири, но го спаси едно чудно правило.

Италијанецот постојано повраќаше и имаше грчеви, неофицијално поради големата топлина во Мелбурн, па откако двајцата тенисери имаа освоено по сет, а Американецот водеше со 3-1 во третиот, организаторот одлучи да го затвори кровот на „Род Лејвер“ арената.

Откако тоа се случи, Синер како да беше друг тенисер и не само што лесно направи пресврт во третиот сет, туку рутински го осови и четвртиот.

Италијанецот го доби мечот со 3-1, по сетови 4-6, 6-3, 6-4 и 6-4. Противник во осминафиналето ќе му биде неговиот сонародник Лучијано Дардиери.

- Оглас -

Најнови вести