Вториот светски тенисер, Јаник Синер, ја забележа и осмата последователна победа по неочекуваниот поразот од Меншик во Доха. За Италијанецот ова беше втор триумф на турнирот во Мајами, со што стана последниот осминафиналист.
Синер со максимални 2-0 славеше над францускиот тенисер, Корентин Мутет, и за 72 минути игра му дозволи на противникот да освои само пет гема. Триесет и третиот тенисер во светот во првиот сет освои само еден поен, додека во вториот сет беше малку подобар и дојде до четири поени.
По елиминацијата на Карлос Алкарас, Италијанецот е најголемиот фаворит за освојување на АТП-турнирот во Мајами, а најголем предизвик се очекува да му биде евентуалното полуфинале против Зверев.

