9.8 C
Skopje
четврток, 16 октомври 2025

Синер лошо почна, но обезбеди четвртфинале во Париз

Италијанскиот тенисер Јаник Синер обезбеди пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос откако го совлада францускиот тенисер Корентин Муте со 3-1 во сетови.

Ривалот го доби првиот сет со 6-2 во гемови, но потоа Синер уфрли во друга брзина и освои три сета по ред, и тоа на убедлив начин.

Во вториот му дозволи три гема на Корентин Муте, третиот го доби со 6-2 во гемови, а потоа му отстапи само еден гем, за конечни 3-1 во сетови.

Синер во четвртфиналето ќе се сретне со бугарскиот тенисер Григор Димитров, кој го елиминираше Полјакот Хуркач.

Претходно во четвртфиналето се пласираа и Циципас и Алкараз кои ќе имаат меѓусебен дуел.

- Оглас -

Најнови вести