Синер на врвот, Ѓоковиќ не е во Топ 5 пред почетокот на 2025 година

Без поголеми промени на почетокот на новата сезона, Италијанецот Јаник Синер го задржа првото место. Објавена е најновата АТП-листа, на чиј врв и натаму убедливо стои Синер.

Италијанецот е прв со 11.830 поени, додека на второто место се наоѓа Германецот Александар Зверев.

Зверев има вкупно 7.915 поени, 905 повеќе од треторангираниот Шпанец Карлос Алкарас.

На четвртото место е Американецот Тејлор Фриц со 5.100 поени, додека петти е Русинот Данил Медведев.

На седмото место се наоѓа, според многумина, најдобриот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ со 3.910 поени.

Пред него е Норвежанецот Каспер Руд со 4.255 поени.

Зад Ѓоковиќ, на осмото место е уште еден Русин, Андреј Рубљов, со 3.760 поени.

Австралиецот Алекс де Минор на деветтото место има 3.745 поени, додека десетти е Бугаринот Григор Димитров со 3.350 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести