-2.2 C
Skopje
вторник, 20 јануари 2026

Синер одигра два брутални сета и го расплака противникот (Видео)

Италијанскиот тенисер Јаник Синер, кој е втор носител на Отвореното првенство на Австралија, моќно започна на првиот гранслем сезонава. Синер за противник го имаше Уго Гастон од Франција, а мечот траеше малку повеќе од еден час, само два сета.

Синер започна моќно и првиот сет го доби со 6:2, а во вториот сет беше уште подобар и му дозволи на противникот да освои само еден гем. Кога заврши вториот сет, францускиот тенисер Гастон со солзи во очите покажа дека го предава мечот.

Во текот на мечот, Гастон се жалеше на повреда, па едноставно беше нерамноправен противник во дуелот со фаворитот. Синер му даде поддршка на противникот, а откако заврши мечот, Гастон го покри лицето и се расплака.

- Оглас -

Најнови вести