Јаник Синер загуби во полуфиналето на Мастерсот во Индијан велс од Карлос Алкарас со 1:2 во сетови (6:1,3:6,2:6), а притоа направи потег со кој покажа дека е кавалер и шмекер.
Уште на стартот, мечот беше прекинат поради дожд, а во тие моменти навивачите на трибините беа сведоци на една симпатична сцена.
Имено, девојка која беше задолжена за собирање на топчиња, донесе чадор и седна покрај Синер, но Италијанецот не и дозволи таа да го држи чадорот.
https://twitter.com/i/status/1769105833298686351