Григор Димитров беше на чекор од сензационална победа над Јаник Синер и пласман во четвртфиналето на Вимблдон. Сепак, бугарскиот тенисер се повреди при негово водство од 2-0 во сетови, па мораше да го предаде мечот.
„Не знам што да кажам. Димитров е неверојатен играч, таков беше и денес. Знам дека во минатото беше малерозен, мој голем пријател … Сакам да му посакам брзо опоравување, го разбирам комплетно. Беше во добра позиција да игра во следното коло. Ова не го доживувам како победа, ова е несреќен момент за сите нас. Повредата е многу тешка, видов по неговата реакција. Ова е крај кој не го посакувавме.“ – рече Синер после среќниот пласман во четвртфиналето.