Јаник Синер минатата година играше во финалето на сите четири Грен слем турнири, а два од нив и ги освои, но оваа година е елиминиран уште на првиот и тоа во полуфиналето од Новак Ѓоковиќ.
„Ова ми беше многу важен Грен слем. Може да се случи. Беше добар натпревар. Имав многу шанси, не ги искористив, многу ме боли поразот. Имав многу шанси, посебно во петтиот сет. Имав неколку одлични потези и удари. Се обидов со неколку работи, но не функционираа. Знам дека има 24 Грен слем турнири, се знаеме многу добро, знаеме како играме. Никогаш не сум изненаден, тој е најголемиот тенисер веќе многу, многу години. Поради годините не игра на многу турнири, но знам колку му се важни Грен слем турнирите, како и на мене и на Карлос. Играше со посебна мотивација, ова за мене е лекција.“ – рече Јаник Синер по поразот од Новак Ѓоковиќ.

