Најдобриот светски тенисер во моментов, Јаник Синер, поради стомачен вирус го откажа учеството на Мастерсот во Париз и му ја олесни работата на Карлос Алкарас кој сега е голем фаворит за трофејот бидејќи ги нема двајцата главни конкуренти, Синер и Новак Ѓоковиќ, кој лани беше победник на овој Мастерс.
Алкарас вечерва во второто коло игра со Чилеанецот Николас Хари.
Синер лани испадна во третото коло во Париз, па неиграњето нема да го чини скапо, ќе загуби само 90 поени (предноста пред второпласираниот Алкарас му е над 4.000 поени). Тој секако уште долго време ќе биде прв на АТП-листата, а враќањето на тениските терени очекува да го има на завршниот Мастерс на домашен терен во Торино.