Синер: Приметив три чудни работи кај Новак

Јаник Синер утринава се пласира во своето прво гранслем-финале во кариерата откако во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија во четири сета (6:1,6:2,6:7,6:3) го победи Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ на прес-конференцијата по мечот изјави дека тоа бил еден од неговите најлоши настапи на гранслем-турнирите, а потоа и Синер на медиумите им откри дека приметил дека нешто не е во ред во Новак.

„Во првите два сета видов дека не го удираше добро топчето, не го удираше како што тој знае, а исто така и не се движеше добро. Мислам дека не беше толку фокусиран како што сме навикнале да го гледаме на вакви дуели. Тоа го приметив. Видов дека не играше добро, а јас се трудев да играм на своето ниво“, изјави Синер.

- Оглас -

Најнови вести