Александер Зверев на Ролан Гарос се појави со реноме на финалист од претходниот гренслем кој се одржа во Њујорк, САД, но претрпе елиминација во осминафиналето од 75-то рангираниот Јаник Синер со 3-1 во сетови (6-3, 6-3, 4-6, 6-3).
Италијанскиот тенисер ја доби првата меѓусебна пресметка против седмиот светски рекет приредувајќи големо изненедување по три часа игра. Синер во следното коло ќе налета на актуелниот бранител на титулата во Париз, Рафаел Надал.
Right now, @janniksin has all the answers!#RolandGarros pic.twitter.com/KwOUpmEKzX
— Roland-Garros (@rolandgarros) October 4, 2020