13.8 C
Skopje
петок, 20 февруари 2026

Синер признава: Имам пад во играта, но знам како да се вратам во старата форма

Јаник Синер претрпе шокантен пораз уште во четвртфиналето на АТП 500 турнирот во Доха. Италијанскиот тенисер со 6-7, 6-2, 3-6 загуби од Чехот Јакуб Меншик кој е на 16-тото место на АТП листата. Сезонава лошо почна за Синер, бидејќи тој беше елиминиран во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн од Новак Ѓоковиќ, а сега во Доха негов краен дострел му беше четвртфиналето.

Италијанскиот тенисер потврдува дека е во мини криза, но и тоа дека не е загрижен.

„По две фантастични години, сега сум во мал пад, но тоа не е нешто што ме загрижува. Знам како да се извлечам. Знам дека можам да играм подобро, но Јакуб беше одличен и сервираше одлично. Секогаш има подеми и падови во тенисот, па ќе се обидам да ја подобрам мојата форма веќе во Индијан Велс. И претходно сум поминал низ кризи и секогаш знаев како да се вратам“, оптимистички најавува Синер.

За Меншик, кој во полуфуналето ќе се соочи со Французинот Артур Фис, ова е прва победа во кариерата против некој од топ 3 тенисерите. Сипер три години немаше пораз на тврда подлога од противник кој не е во Топ 10 на АТП листата, а дуелот да се одигра до крај (без да има предавање на дуелот поради повреда).

„Немам никакви проблеми, едноставно, играше одлично. Сервираше фантастично. Имав две или три погрешни одлуки, но се случува. Клучот за поразот е мојот лош почеток на третиот сет. Не е ништо драматично, само изгубив неколку мелеви. Се надевам дека ќе биде подобро во Индијан Велс, иако таму секогаш имам некои проблеми. Од друга страна, Мајами ми одговара повеќе“, рече Синер додавајќи дека неговата главна цел оваа година е да триумфира на Ролан Гарос во Париз.

- Оглас -

Најнови вести