Лидерот на АТП ранг-листата, Јаник Синер, во моментов се наоѓа во Кина, каде што го очекува настапот на турнирот Шангај. За кинеските медиуми, секако, најинтересни беа прашањата за допинг-скандалот во кој се најде Италијанецот, па не ја пропуштија шансата да го прашаат што мисли за тоа.
„Бев изненаден од жалбата на ВАДА, но од друга страна, знаев дека тоа може да се случи. Се случи и понатаму сум изненаден, но ќе соработувам како и претходно. Имав три сослушувања, кои беа во моја полза. Беше добро, сега ќе видиме. Убеден сум дека случајот ќе се реши позитивно и во моја корист. Ќе бидам многу, многу изненадем доколку се случи спротивното. Тоа не е ситуација во која се чувствувам пријатно, мислев дека ова е завршена работа и сега не ми е лесно“, рече Синер.