Синер се тркалаше на теренот, стана и успеа да го освои поенот (Видео)

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирот во Синсинати, каде за противник го има Александер Зверев. По голема борба во мечо кој траеше повеќе од два часа, во четвртфиналето Синер со 2:1 во сетови го елиминираше Андреј Рубљов.

Во вториот сет при резултат 4:4, Синер успеа да освои поен на неверојатен начин. Во еден момент Италинаецот се лизна и падна на теренот, буквално тркалајќи се. И во една таква ситуација, Синер успеа да стане да го продлжи поенот и на крајот да го освои.

- Оглас -

Најнови вести