Синер со најголемата победа во кариерата беше подобар од Новак Ѓоковиќ

Италијанскиот тенисер Јаник Синер на домашен терен во Торино за првпат во кариерата успеа да го победи Новак Ѓоковиќ. Во меч од второто коло на завршниот АТП Мастерс турнир, кој траеше повеќе од три часа, Ситер со 2:1 во сетови го победи Ѓоковиќ.

Во првиот сет се играше израмнето до 5:5, а потоа Ѓоковиќ го загуби еден од најнеобичните гејмови. Србинот водеше со 40:0, но потоа Синер успеа на противнички сервис да добие пет поени по ред и да направи брејк за 6:5, а потоа лесно да го добие следниот гејм и да поведе со 1:0 во сетови.

Во вториот сет, двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис и стигнаа до 6:6, па тајбрејкот мораше да решава, а тука Ѓоковиќ беше подобар со 7:5 и израмни на 1:1 во сетови.

Тајбрејк се играше и во решавачкиот трет сет. Синер поведе со 4:2, но Ѓоковиќ израмни на 4:4 и потоа стигнаа до 6:6, но овојпат во тајбрејкот Синер одигра феноменално. Италијанецот стигна до 5:0 и тоа беше знак дека ќе го победи Ѓоковиќ, и тоа со 7:1 во решавачкиот тајбрејк.

Ова беше петти меч меѓу Синер и Ѓоковиќ и прва победа за Италијанецот, и тоа во меч кој траеше три часа и 11 минути.

- Оглас -

Најнови вести